More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани 27.12.2022

    spot_img

    На 26.12.2022 во 08.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ш.А.(67) тетовско Расадиште. Тој се барал врз основа на Наредба од Основен суд Тетово за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

     На 26.12.2022 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.П.(19) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе стебла од растението канабис и гранки од растението канабис. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

     На 26.12.2022 во 12.15 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.А.(47) од Тетово, затоа што кај него биле пронајдени разновидни пиротехнички средсва. По документирање на случајот против него ќе следи и соодветен поднесок по член 69 став 1 од Закон за заштита од експлозивни материи.

     На 26.12.2022 во 14.55 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(18) и Е.Е.(19), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 26.12.2022 во 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 26.12.2022 од ул.„Караорман“ во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Ц.М.(35)  од Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

     На 27.12.2022 во периодот од 01.15 до 02.30 часот во угостителски објект во гостиварско Врашчиште била спроведена акциска контрола, при што полициски службеници од Полициското одделение Галате привеле пет странски државјанки: Д.Ч.(33), С.Р.(30) и Д.З.(36) од Република Албанија, Ф.О.(30) од Република Косово и С.З.(52) од Република Србија.  Тие биле приведени поради злоуботреба  на туристички престој и постапување спротивно на целта. Странските државјанки биле задржани во полициска станица за понатамошни  постапка.

    На 26.12.2022 во 21.40 часот во тетовска Брвеница, поради илегален влез во нашата земја, бил приведен Р.Л.(25) од Република Албанија. По извршени проверки било утврдено дека лицето имало забрана за влез во државата, по што е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

     Во текот на вчерашниот ден (26.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 311 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 178 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 133 надвор од населено место.

     Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

     На 26.12.2022, во периодот од 11.00 до 15.00 часот, на тетовско-гостиварското подрачје, полициски службеници од СВР Тетово спроведоа акциска контрола за исправност на возилата и поседување на соодветна документација за вршење на организиран превоз на ученици. Притоа, биле констатирани 3 (ГВ) кривични дела по член 284 А од Кривичниот законик и 1 (ГВ) прекршок за неизвршен вонреден технички преглед, како и 2 (ТЕ-1 и ГВ-1) останати прекршоци сторени од автобуси или други возила со кои се врши јавен превоз на патници.

     На 26.12.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 19 прекршоци, од кои 11 во населено место и 8 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 1 за управување возило без возачка дозвола, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас и 10 за непрописно паркирање.

     На 26.12.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, В.М.(50) од Радовиш, управувајки патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, удрило во пешак М.П.(71) од Радовиш. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.  

    На 26.12.2022 во 14.00 часот во СВР Тетово, Љ.Р.(59) од Тетово пријавил дека на улица ,,Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник.

    На 26.12.2022 во 22.20 часот во СВР Тетово, Ф.Ш.(35) од тетовско Сараќино пријавил дека во селото неговиот малолетен  внук бил каснат од куче  сопственост на З.К..

     На 26.12.2022 во 13.25 часот во Полициската станица Драчево, С.А.К.(60) од Скопје  пријавила дека на ул.„Бранко Заревски“ била касната од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img