Министерството за внатрешни работи (МВР) бара на потпалувачот на клубот „Иван Михајлов“ во Битола да му се одреди мерка притвор затоа што се исполнети условите во однос на ваквото барање.
– Пронајдена е облека и други предмети кои се доведуваат во врска со кривичното дело, имаме неспорни докази. Лицето е приведено во полициска станица и очекуваме да биде изведено пред судија на претходна постапка. Сепак, да ја почекаме одлуката на судот – рече министерот Оливер Спасовски, кој денеска е во работна посета на СВР Охрид.
Тој не сакаше на новинарите да им потврди дали се работи за Ламбе Алабаковски, како што претходно изјавуваа извори од полицијата, туку рече дека би одел од иницијали, односно дека лицето е 34 -одишниот Л.А. кој живее во Битола.
За настанот полицијата презеле многу активности и службени разговори, многу материјали од видео надзор не само од објектот и дека сите овие информации довеле до сторителот на делото.