Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, вчера беше посетен од страна на матурантите на СОУ Цар Самоил, директорката и класните раководители.
„На истата бев поканет да присуствувам на нивната прослава, по повод нивното матурирање, кое воедно претставува и стапување во една нова и посериозна етапа од животот.“- вели Тозиевски.
Како што и самите одлучија веселбата ќе им започне на 20.05(Петок) во СОУ Цар Самоил, а потоа ќе продолжи на градскиот плоштад.