Компанијата Твитер предводена од Илон Маск се очекува утре да отпушти 3.700 вработени, што безмалку е половина од кадарот на компанијата.
За да ги исполнат работните задачи во кратки рокови и да докажат дека се успешни, вработените работат 24 часа на ден, седум дена во неделата, а некои дури и спијат во канцелариите. Сепак, многу корисници веќе се жалат на губењето следбеници. Причина за „големата чистка“ би можело да биде укинувањето на лажни сметки, како и деактивирањето на сметките во знак на протест, бидејќи од компанијата најавија дека нејзините услуги ќе се наплаќаат.
Магазинот „Бизнис инсајдер“ неофицијално објави дека списокот на лица кои се очекуваат да добијат отпремнини поради раскинување на договорите за работа бил изготвен вчера.
Маск официјално го купи Твитер минатата недела.