Најбогатиот човек на светот ќе го донесе својот сателитски интернет над Амазонските шуми, белите дробови на Земјата, за преку него Бразил полесно да го надгледува ова природно богатство. Илон Маск попладнево твитна дека се сретнал со бразилскиот претседател Жаир Болсонаро на покана на министерот Фабио Фарија.
„Многу сум возбуден што сум во Бразил за лансирањето на Старлинк за 19.000 училишта кои не беа поврзани со интернет во руралните области, како и за еколошки мониторинг на Амазон“, гласеше постот на Маск.
Болсонаро исто така се јави на Твитер.
„Помеѓу другите теми“, напиша тој, „зборувавме за поврзување, инвестиции, иновации и употреба на технологија за зајакнување на заштитата на нашата Амазонија и за економски развој на Бразил“.