More

    Мартин Треневски повика Македонија да се брани на улица

    spot_img

    Ви се обраќам како член на првата експертска Влада на Република Македонија, која што ги оствари соништата и желбите на илјадници и илјадници наши предци, кои што мечтаеја за тој миг и за кој ги дадоа скапоцените животи за таа слобода, рече Мартин Треневски, поранешен амбасадор и министер во експертската Влада на Никола Кљусев, обраќајќи се пред присутните демонстранти на денешниот протестен марш под мотото „Ултиматум – Не благодарам“.

    Треневски пред присутниот македонски народ се обрати во маица стара 31 година со логото од референдумот од 1991 година, со кои во тоа време се пропагираше идејата за самостојна и независна Република Македонија.

    – Почитуван народе, нека се знае еднаш за навек, експертската Влада на академик Никола Кљусев го организираше референдумот за независност и експертската Влада ги постави темелите на модерна, современа Македонија, монетарното осамостојување, македонската дипломатија и така натаму. Да се знае, бидејќи очигледни се обидите на поединци, а и на организации не само да се минимизира, туку и да се избрише учинокот што го направа таа експертска влада. Тоа, драги мои, не смееме да го дозволиме – рече Треневски.

    Треневски додаде дека во вакви околности не треба да нѐ чуди зошто Пендаровски беше првиот кој што ја пофали новата обработена верзија на францускиот предлог, кога за советник има човек кој ги брани бугарските барања и услови.

    – Сите членови на таа експертска Влада беа за слободна и независна Македонија, освен еден кој за жал, неговиот татко ја напиша македонската химна, а тој, до пред некој месец, даваше изјави дека се чувствувал Бугарин. Истиот тој, сега е советник за надворешна политика на Стево Пендаровски. Стево Пендаровски кој што прв ја пофали втората коригирана француска верзија, меѓутоа верзија за која што секој нормален Македонец, особено стручната јавност ја осуди како неповторливо штетна. И сите ние треба да се сплотиме и да се спротивставиме на реализацијата на тоа мрачно сценарио. Имав прилика во мојата работна кариера да бидам дипломат во повеќе организации, го знам целото сценарио, а целото сценарио значи уништување на македонската нација. Тоа и јавно го кажуваат, не го кријат – рече Треневски.

    Затоа тој ги повика сите македонски граѓани да се придружат на протестите против францускиот предлог и дека ова не е време за комоција пред телевизор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img