Собранието го усвои ребалансот на Буџетот за 2022 година кој обезбедува одржување на макроекономската стабилност но и поголема поддршка за компаниите и граѓаните, истакна Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.
Нови 76 милиони евра се обзбедени за идни антикризни мерки за справување со последиците од светската економска и енергетска криза, појасни таа.
Дополни дека за поддршка на земјоделството за да се поттикне зголемено домашно производство, обезбедени се дополнителни 3,2 милијарди денари, односно 32 милиони евра.
– Со ребалансот обезбедивме средства за исплата на зголемени плати во образованието и детската заштита како и за повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери. Овој ребаланс на Буџетот на дело ја потврдува заложбата на СДСМ за стабилна и развојна економија но и за повеќе пари во секое семејство. Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици Владата предводена од СДСМ покажува капацитет во справувањето со последиците, покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани – нагласи Маркоска.
Најави дека и во време на криза, како одговорна партија, продолжуваат да водат економски политики кои обезбедуваат повисок животен стандард за граѓаните.