Марија Бакалова, ѕвездата на филмот „Борат 2“, којaшто беше номиниранa за „Оскар“, го официјализираше своето деби во универзумот на „Марвел“. Таа му се придружи на режисерот Џејмс Ган и екипата на филмот со суперхерои „Чувари на Глаксијата, 3. дел“, додека го претставуваа новиот трејлер за вселенската авантура на годинашната стрип-конференција во Сан Диего, САД.
– Причината поради која станав обожавателка на продукциската куќа „Марвел“ се токму „Чуварите на галаксијата“. Има хумор, срце и има мигови кога навистина можеш да плачеш. Моето приклучување на последниот дел од овој серијал ми е најголем подарок – изјави бугарската актерка.
Во звучната актерска екипа на третиот дел на „Чуварите на Галаксијата“ се и Крис Прат, Зои Салдана, Вин Дизел, Бредли Купер, Карен Гилан, Силвестер Сталоне, Елизабет Дебицки и други познати глумци. Киноприкажувањата се закажани за од 5 мај 2023 година.