Поранешната ѕвезда на „Средувај со Мари Кондо“ призна дека „некако се откажала“ од средувањето по дома. Откако го добила своето трето дете таа изјави дека го прифаќа нередот во куќата. Фановите веднаш дигнаа прашина на социјалните мрежи, но изјавата, оригинално дадена за Вашингтон Пост, отвори и дебата за расизмот, пишува Њузвик.
Кондо стана културна икона кога нејзиното шоу на Нетфликс „Искра радост“ се појави во 2019 година, што навидум инспирираше милиони гледачи да си ги средуваат, бидејќи се запрашаа што „искрена радост“ значи во нивните сопствени животи. Една од поентите беше и дека луѓето треба да се ослободат од предметите и работи кои не им требаат кога средуваат по дома.
„Каде е официјалното извинување до оние од нас на кои таа влијаеше да ја диплиме нашата облека во мали коверти додека имавме три деца!“, напиша канадската режисерка Сара Поли, номинираната за Оскар.
Твитот на Поли беше избришан, а таа потврди дека станува збор за шега, но многумина на интернет го презеле твитот и го читале искрено. Повеќето од луѓето ја бранеле Мари Кондо, но имало секакви реакции.
На Поли ѝ одговорила авторката Косоко Џексон, а тука беше спомната и бојата на кожата:
„Мразам кога белите луѓе радосно си бараат жена (за средување) со обоена кожа. Не те терала таа ништо да правиш“, напиша таа.
Во меѓувреме, Мари Кондо се повлече од Нетфликс, но објавува повремено на Инстаграм и на Јутјуб. Нејзиниот неодамнешен пост на Инстаграм е сепак на темата средување:
„Кога се занимавам со нов проект за уредување, започнувам со замислување на мојот идеален начин на живот. Како се мотивирате себеси пред да ја практикувате организацијата како грижа за себе?“, им пишала на своите 4,1 милиони следбеници.