Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација предводена од селекторот Драган Бајиќ утре претпладне во Скопје ќе ги почне мини подготовките за натпреварите од јулскиот циклус во квалификациите за пласман на Светското првенство 2023.
Македонскиот тим на 1 јули во Сарагоса му гостува на актуелниот светски првак Шпанија, а три дена подоцна во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе гостува Украина.
На првиот собир, закажан за в сабота од 10. часот, во „Борис Трајковски“ треба да се појават 14. кошаркари: Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром, Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром, Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром, Стојан Ѓуроски – Пелистер, Андреј Маслинко – ТФТ, Страхил Николов – ТФТ, Виктор Ташовски – ТФТ, Виктор Ефремовски – Гостивар, Валмир Какруки – Работнички, Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија, Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД), Рубин Стефанов – Италија.