Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром се пласира во полуфиналето на регионалната АБА 2, откако вечерва во СЦ „Јане Сандански“ по голема борба ја совлада Сутјеска со 73:68.
„Сино-белите“ од Аеродром бодрени од своите навивачи го контролираа резултатот во сите 40 минути и на крајот заслужено победија.
Кристијан Николов со 17 поени и шест асистенции беше прво име во победничкиот состав, додека веднаш зад него беа Војдан Стојановски со 15 поени и Хуан Дејвис со 11 поени.
Противник на МЗТ Скопје во задутрешното полуфинале (21 часот) ќе биде подобриот од вечерашниот последен четвртфинален дуел помеѓу Широки и Спарс.
Претходно во текот на денот учество во полуфиналето обезбедија Борац Бања Лука и Златибор.
фото: МИА