Мотоциклист, државјанин на Северна Македонија, загинал во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска околу 15 часот на магистралниот пат Подгорица – Цетиње, во местото Каменица кај Подгорица, пишува „Вијести“.
Во несреќата учествувале два автомобила и мотоциклист, кој починал на самото место.
Според Полициската управа, починатиот живеел во Цетиње, се движел кон Подгорица, а на главата немал заштитна кацига.
Поради полициска истрага сообраќајот на автопатот од Подгорица кон Цетиње била во прекин, поради што се формирале колони од Подгорица кон Цетиње во двата правца.