Како што пишуваат странските медиуми, поп-кралицата Мадона раскинала со 35 години помладото момче Ахламалик Вилијамс. Британски „Мирор“ наведува дека на пејачката ѝ било тешко да ја одржува врската поради работата.
– Таа има натрупан распоред, работи на претстојниот автобиографски филм, музика и се грижи за своето семејство. Многу работи се случија. Сѐ уште постои љубов помеѓу Мадона и Ахламалик, но тие сепак решија да раскинат. Тие останаа во добри односи – рекол извор близок до Мадона.
Мадона (63) и Ахламалик (28) беа во врска три години. Сега младиот танчар се отселил од нејзината куќа.
– Тие се во добри односи и нема лутина, но со животот се на различни места, поминаа месеци заедно на турнеја и во изолација, но сега тој се исели од нејзината куќа – рекол изворот.
Било тешко да се одржи нивната романса, бидејќи и двајцата биле фокусирани на своите индивидуални работни проекти.
Да потсетиме, Мадона започна да излегува со Ахламалик во 2019 година, четири години откако го запозна на нејзината турнеја „Rebel Heart“. Во тоа време, тој беше еден од танчарите на турнеја со неа.
Во текот на нивната врска, таа му помогнала да склопи договор со познатата дизајнерка Стела Макартни. Тој дури се обидел да започне своја музичка кариера со помош на Мадона. Неговиот татко претходно зборувал за нивната врска и рекол дека верува дека таа ќе „помогне во продукцијата на неговата музика“.
– И јас верувам, во моето срце, дека таа ќе помогне во продукцијата на неговата музика кога ќе заврши оваа турнеја. Таа ќе остане со него поради талентот што го поседува – изјавил своевремено таткото на Ахламалик за „Сан“.
ФОТО: Инстаграм