More

    Луксузниот iPhone има златен Rolex вграден во куќиштето, а чини цело богатство (ФОТО)

    spot_img

    Кога неодамна беше објавен новиот iPhone 14 на Apple, многу луѓе ја подигнаа веѓата поради неговата цена. Сепак, на пазарот има уште поскапа и уште попрестижна верзија на новиот телефон на Apple.

    Кога на пазарот пристигнаа новите модели на Apple, вниманието го привлекоа нивните цени. Ајфон 14 чини најмалку 1.000 евра, додека цените за моделот Pro, кој има најголем дел од најавените иновации, започнуваат од 1.300 евра. Има, сепак, многу посебен модел кој е сто пати поскап од нормалните телефони во гамата на Apple.

    Рафинираниот iPhone 14 Pro, кој со скапоцености го подобри компанијата Caviar, чини 133.670 долари или 137.473 евра. Но, цената може да биде уште поголема доколку купувачот избере верзија на iPhone со помоќна меморија или ако одлучи дека повеќе би сакал моделот iPhone 14 Pro Max. Најскапиот украсен iPhone чини 135.420 долари, што е 139.273 евра.

    Причината за толку високите цени лежи во подобрувањата и луксузните додатоци. На задната страна на телефонот се наоѓа часовник од престижната компанија Rolex. Станува збор за модел на Cosmograph Daytona, изработен од злато и збогатен со осум вградени дијаманти. Моделот Daytona првпат беше произведен од Rolex во 1963 година, а беше направен специјално за тркачи.

    И токму тркачката тема Caviar треба да ја предводи во преработката на новиот iPhone. Дизајнерите сакаа да му оддадат почит на еден од првите тркачи кој носеше часовник Ролекс на зглобот. Тоа беше Британецот Малком Кембел, кој го собори светскиот брзински рекорд девет пати помеѓу 1924 и 1936 година во тркачки автомобил со прекар Сината птица. Во Caviar сакале да ја илустрираат внатрешноста на ваквите тркачки автомобили на задниот дел од телефонот, чие куќиште е направено од титаниум, па задниот дел е украсен со специјални златни додатоци.

    Над престижниот часовник Rolex Daytona беа поставени три мали броила, кои исто како и кај Blue Bird требаше да ја мерат брзината и нивото на масло и гориво. Веднаш до долниот раб на црното грубо куќиште се наоѓаат три прекинувачи, кои исто како и бројачите се изработени од 18-каратно злато. Како што напишаа дизајнерите на веб-страницата, прекинувачите и шалтерите се чисто за украсување и немаат конкретна функција. Куќиштето е украсено и со златна облога околу телефонот и околу трите камери.

    Покрај сјајните додатоци, купувањето на ваков телефон носи и голема ексклузивност. Ќе се произведуваат само три вакви луксузни телефони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img