Белорускиот претседател Александар Лукашенко вели дека има информации дека Британците со возила дошле во градот Буча близу Киев и дека се поврзани со убиствата на цивили. Лукашенко денес го посети космодромот „Восточни“ на далечниот исток на Русија заедно со рускиот колега Владимир Путин.
Путин истакна дека е потребна посилна интеграција меѓу Белорусија и Русија и дека операцијата во Украина ќе продолжи сѐ додека не се исполнат сите цели. Тој исто така тврди дека обвинувањата за употреба на хемиско оружје во Украина се лажни како и оние за во Сирија.
Додека се откриваат нови трупови на цивили во Буча, Москва и Киев си ја префрлаат топката околу убиствата и околу снимките кои се појавија на социјалните мрежи.