More

    Лукашенко му се закани на Западот во случај на напад на Белорусија

    spot_img

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко во саботата се закани со воена одмазда против секој што ќе ја нападне неговата земја додека тензиите околу војната во соседна Украина продолжуваат да растат.

    Говорејќи во пресрет на Денот на независноста на Белорусија, Лукашенко рече дека им наредил на своите вооружени сили да таргетираат „центри за одлучување“ во западните престолнини во случај на напад врз Белорусија, објави белоруската новинска агенција Белта.

    „Не допирајте не и ние нема да ве допреме“, рече тој.

    „Ако се осмелите да нападнете, како што планираат, на југот на Гомел или нафтената рафинерија Мозир, аеродромот, аеродромите во Лунинец или Брест, одговорот ќе биде моментален. За една секунда! Имаме за што да одговориме“, рече Лукашенко и нагласи дека центрите се на дофат на ракетите и дека нема да гледаат кој седи во канцелариите или палатите, туку дека одговорот ќе биде недвосмислен.

    Тој изјави и дека негова задача како претседател е да ја заштити земјата, пренесува Белта.

    И покрај фактот дека Русија ја започна војната во Украина, Москва и нејзиниот верен сојузник Минск постојано се обидуваат да се прикажат себеси како жртви на наводната непријателска политика на Западот и НАТО.

    Се стравуваше дека Белорусија официјално ќе и се придружи на Русија во војната откако започна конфликтот во Украина кон крајот на февруари, а Лукашенко призна дека руски проектили биле истрелани кон Украина од белоруска територија во првите недели од инвазијата.

    На почетокот на неделата, на самитот во Мадрид, НАТО одлучи значително да го зајакне своето источно крило и да започне процес за прифаќање на Финска и Шведска во одбранбениот сојуз.

    Рускиот претседател Владимир Путин тогаш ја објави својата намера да одговори на евентуалното префрлање на војниците на НАТО во Финска со пропорционално распоредување на руски војници во регионот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img