Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Украина пред три дена се обидела да нападне воени објекти на белоруска територија, но дека тие ги пресретнале сите проектили, пренесува државната новинска агенција „Белта“.
Лукашенко, кој не дал докази за тврдењето, рекол дека Белорусија не сака војна со Украина, но дека ќе се бори доколку нејзината територија биде нападната.
– Не провоцираат. Морам да ви кажам дека пред три дена, можеби и ден повеќе, од територијата на Украина имаше обид за напад врз воени објекти на територијата на Белорусија. Но, фала му на Бога, противвоздушните системи Панцир успеаја да ги пресретнат сите проектили истрелани од украинските вооружени сили – изјавил Лукашенко.