More

    Лондон ќе ѝ испорача ракети кои можат да соборуваат крстосувачки ракети

    spot_img

    Велика Британија ќе ѝ испрати на Украина уште противвоздушни ракети и муниција што може да пресретнува и неутрализира крстосувачки ракети, соопшти денеска Министерството за одбрана.

    Британското Министерство за одбрана соопшти дека наредните седмици на Киев ќе му бидат испорачани противвоздушни системи АМРААМ, што можат да се користат со противвоздушните системи НАСАМС ветени од САД. Како што е наведено, пратката ќе содржи и проектили што можат да соборат крстосувачки ракети.

    „Тие проектили ќе помогнат да се заштити критичната национална инфраструктура на Украина, се вели во соопштението.

    Лондон најави и испорака ново количество опрема за противвоздушна одбрана, беспилотни летала и хаубици.

    – Тоа оружје и орудие ќе ѝ помогне на Украина да го одбрани своето небо од напади и да ја зајакне својата одбрана, во комбинација со американските системи НАСАМС – рече британскиот министер за одбрана Бен Валас.

    Најавите за испораки дополнително оружје за Украина доаѓаат пред состанокот на министрите за одбрана на земјите од НАТО што денеска треба да се одржи во Брисел.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара да се формира противвоздушен штит над Украина.

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека приоритет е испораката на системи способни да ги неутрализираат руските ракети над украинското небо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img