Риши Сунак, новиот британски премиер, има намера да ја забрза дипломатската и воената поддршка за Украина во претстојните недели, во обид да се оттурне Русија уште подалеку и да се обезбеди траен мир, информриа официјален Лондон.
Испраќањето на тенковите Челинџер 2 (Challenger 2) во Украина е почеток на зголеменото темпо на поддршката на Обединетото Кралство за Украина. Ескадрила од 14 тенкови ќе влезе во земјата во наредните недели, откако премиерот Сунал му ветил на претседателот Зеленски дека ќе обезбеди дополнителна поддршка за помош на копнената војна на Украина. Околу 30 AС90 (AS90), т.е. големи, самоодни топови, управувани од пет топџии ќе бидат испратени во Украина во претстојниот период.
Обединетото Кралство ќе започне со обука на украинските вооружени сили за употреба на тенковите и топовите во наредните денови, како дел од пошироките напори во кои илјадници украински војници беа обучени во Обединетото Кралство во последните шест месеци.
„Премиерот е убеден дека долгата и статична војна служи само за целите на Русија. Затоа тој и неговите министри ќе разговараат со нашите сојузници ширум светот во деновите и неделите што следат за да го засилат притисокот врз Путин и да обезбедат подобра иднина за Украина.
Во пресрет на годишнината од инвазијата, премиерот ќе се обиде да ја демонстрира моќта на Обединетото Кралство како меѓународен катализатор со влијание во рамките на НАТО, Г7, Здружените експедициски сили и на други места. Тој ќе работи со партнерите со цел да ја стави Украина во најсилната позиција што ќе ѝ обезбеди да влезе во идните мировни преговори од позиција на воена, економска и дипломатска сила и да обезбеди силен и траен мир“ – се вели во соопштението на амбасадата на Обединетото Кралство во Скопје.