More

    Лондон бил вмешан во нападот врз Црноморската флота?

    spot_img

    Кремљ го повика британскиот амбасадор поради руските наводи дека Велика Британија била вмешана во украински напад со дронови врз руската Црноморска флота.

    Британија категорично ги отфрли руските наводи како „лажни тврдења од епски размери”.

    Разговорот во руското Министерство за надворешни работи со британската амбасадорка Дебора Бронерт траел околу половина час, јавија руските медиуми, пренесува ДПА.

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно соопшти дека Русија планира да приложи наводни докази дека британски специјалисти биле вклучени во подготовката на нападот со беспилотно летало.

    Москва, исто така, ја обвини Британија дека стои зад саботажата на гасоводите Северен тек 1 и 2 во Балтичкото Море на крајот на септември. Британија и овие наводи ги отфрли како неосновани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img