Руските сили утринава се борат за да го заземат Лисичанск, последниот голем град кој сè уште го држат украинските војници во источната провинција Луганск. Сепаратистите поддржани од Москва рекоа дека напредуваат на повеќе фронтови, јавува Ројтерс.
Новинската агенција Тасс во неделата цитираше сепаратистички официјален претставник дека силите на Москва влегле во Лисичанск од пет правци и ги изолирале украинските бранители. Ројтерс не можеше да го потврди извештајот.
Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили користат артилерија за да се обидат да го отсечат Лисичанск од југот, но не спомна дали сепаратистите влегле во градот. Руски јуришен авион удри во близина на Лисичанск, велат од генералштабот.
– Лисичанск, тоа беше хорор, минатата недела – рече Елена, постара жена од градот, која беше меѓу десетиците евакуирани кои пристигнаа во градот Покровск, контролиран од Украина, со автобус.
– Веќе му реков на мојот сопруг ако умрам, ве молам закопајте ме зад куќата – додаде таа.
Агенцијата РИА цитираше сепаратистички официјален претставник кој вели дека сепаратистичките сили евакуирале повеќе од 250 луѓе, меѓу кои и деца, во неделата од хемиската фабрика Азот во Северодоњецк.
Индустриската област беше последниот дел од Сиевиеродонецк кој го држат украинските сили пред да се повлечат. Луганск и соседниот Доњецк го сочинуваат источниот регион Донбас на Украина – индустриското срце на земјата.
Збратимениот град на Лисичанск, Севиеродоњецк, падна во рацете на проруските сили во саботата. Руски проектили, исто така, вчера, во неделата го погодија Киев за прв пат по неколку недели. Напади американскиот претседател Џо Бајден ги осуди како „варварство“. Русија подоцна во текот на денот се огради од нападите, велејќи дека тоа биле украински ракети.
Проструи и веста дека Киев бил нападнат од белоруска територија, каде се сместени руски сили.