Џеси Марш доби отказ како менаџер на Лидс Јунајтед.
Причина за тоа се лошите резултати во последно време, а во Премиер лигата Лидс нема победа од мечот со Бурнмаут на 5 ноември.
Осмиот последователен меч без триумф се одигра во неделата, кога Лидс загуби од Нотингем Форест со 1:0.
Лидс моментално е на 17. место на табелата во Премиер лигата со 18 бодови, исто бодови и меч помалку од Евертон, кој е прв под линијата.
Марш го наследи Марсело Биелса во февруари минатата година, а во текот на кариерата ги водеше Лајпциг, Салцбург, Њујорк и Монтреал Импакт.