Лидерот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров понуди награда од еден милион долари за посебни информации. Станува збор за информацијата каде се наоѓа „баталјонот на шеикот Мансур и Дудаев“, за кој тврди дека им помага на украинските сили во конфликтот со Русија, пренесува Б92.
Според Кадиров, баталјонот исто така е Чеченски, но решил да биде на страната на Украина. Тој посочи дека баталјонот мора да биде „уништен“ или неговите членови „мора да клечат и да побараат прошка од својот народ, сите муслимани …“, пренесува РИА Новости.
Агенцијата наведува дека Кадиров претходно ветил дека ќе се „разјасни“ со луѓето што побегнале од Чеченија, кои себеси се нарекувале „баталјон на шеикот Мансур и Дудаев“.