More

    Лидерот на босанските Срби ја поткопува БиХ

    spot_img

    Велика Британија денеска објави дека воведува санкции за лидерите на босанските Срби Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ, поради обидот да го поткопаат легитимитетот на Босна и Херцеговина, јави Бета.

    Санкциите против српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, вклучуваат замрзнување на имотот и забрана за патување, а се први во рамки на санкциите на Велика Британија кон Босна и Херцеговина, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.

    „Охрабрени од руското поткопување на меѓународниот систем заснован на правила, и двајцата поединци ги искористија своите позиции на авторитет за да се залагаат за де факто отцепување на Република Српска – еден од двата ентитета на Босна и Херцеговина – директно прекршувајќи го уставот на земјата“, се наведува во соопштението на британското Министерство.

    Велика Британија верува дека тие намерно го поткопуваат тешко стекнатиот мир во БиХ, се вели во соопштението.
    Милорад Додик, се наведува во соопштението, ги предводел акциите за повлекување на Република Српска од клучните државни институции користејќи опасна, националистичка реторика на поделби, која го поткопува домашниот и регионалниот мир и поттикнува етничка омраза и негирање на геноцидот.

    Жељка Цвијановиќ, пак, ја искористила својата функција во октомври 2021 година за да предложи закони во Република Српска кои бараат префрлање на државните овластувања на ниво на ентитет, таа јавно ги величеше воените злосторства и го негираше геноцидот во Сребреница.

    Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас изрази надеж дека денешното соопштение ќе ги охрабри другите земји да применат слични рестриктивни мерки, со кои ќе ги повикаат на одговорност политичарите кои имаат дестабилизирачко и опасно однесување. Како што е наведено, Британија дејствува во соработка со САД и другите партнери кои размислуваат слично.

    „Овие двајца политичари намерно го поткопуваат тешко стекнатиот мир во Босна и Херцеговина. Охрабрени (од рускиот претседател Владимир Путин), нивното непромислено однесување ја загрозува стабилноста и безбедноста низ Западен Балкан“, рече Лиз Трас.

    Во соопштението се заклучува дека акциите и реториката на Додик и Цвијановиќ се закануваат да го поништат 26-годишниот тешко стекнат мир и стабилност и да го поткопаат Дејтонскиот мировен договор, со кој се стави крај на непријателствата во 1995 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img