More

    Лепа Брена ја запознала Мадона во лифт

    spot_img

    Фолк-ѕвездата Лепа Брена може да се пофали со успешна кариера долга повеќе од три децении, а соодветно на тоа и со луксузот со кој е опкружена и како ја интригира јавноста.

    Брена и нејзиното семејство често се во центарот на вниманието поради случувањата кои ги опкружуваат, но и удобноста во која уживаат, со оглед на тоа што поседуваат неколку имоти, автомобили и луксузна јахта.

    Пејачката живее со сопругот Бобо Живојиновиќ и синот Виктор во луксузна куќа на Бежанијска коса во Белград. Внатрешноста на куќата е опремена со модерен и скап мебел во златно-беж тонови, со неколку дневни соби и спални соби.

    Дворот на луксузната вила го краси голем базен на две нивоа, кој е совршен за топлите летни денови, а покрај прекрасната зелена околина има и голема просторија за прослави.

    Брена и Боба, меѓу другото, поседуваат куќа во Мајами, каде што нивната сосетка е, верувале или не, кралицата на попот, Мадона.

    Брена призна дека неколкупати налетала на пејачката, но тие не разговарале.

    – Ја сретнав Мадона во Монте Карло во лифтот и видов мала жена која ми заличи на неа. Беше со обезбедување, имаше очила, жената тргнала на џогирање. Велам „погледни ја оваа женска, иста Мадона“ и на крајот сфатив дека тоа е таа – рекла своевремено Брена.

    Куќата вреди повеќе од 900.000 евра, има над 400 метри квадратни и се наоѓа веднаш на самиот брег.

    Пејачката и поранешниот тенисер поседуваат и стан во Монте Карло од 150 метри квадратни, во кој има голема дневна соба со две кујни, тераса, спална соба и три соби за гости.

    Станот го реновирале во 2016 година и со самото тоа го смениле целиот мебел. За тоа издвоиле дури 50.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img