Лепа Брена ја остави јавноста без зборови со фустанот кој го носеше за гостување во една емисија, а на кој се наоѓа дезен на голи гради. Кога Брена дознала за коментарите, јавно им се обратила на лажните моралисти.
Брена пред камерите пеела во долг црн вечерен фустан на кој било исцртано голо женско тело со златни светки на предната и задната страна, а тоа предизвика многу реакции.
„Лепа Брена во најгрдиот фустан што сум го видел во животот. Луѓе мои, дали е можно? Што е ова? Мајко мила!“, се само некои од најчестите коментари.
Критики за фустанот стигнаа и до Брена, со која на оваа тема разговараа новинарите од „Слободна Далмација“.
„На нашите лажни моралисти, кои ги има премногу, сѐ што е нормално не привлекува внимание, а оваа мала провокација во форма на фустан им пречи. Каков лажен морал! Насликани златни гради на фустанот се проблем! Па, тие се мојот мал придонес за сите лажни моралисти во овие сурови времиња во кои живееме“, рекла пејачката.
Новинарите ја прашале и што сакала да порача со овој фустан.
„Без жените немаше да постои човештвото! Затоа, фустанот е посветен на симболот на мајките и жените ширум светот, Венера! Таа е древен симбол на женската енергија, љубов и убавина. Овој фустан е, значи, симбол на Венера, самосвесната жена. Истиот стил на облекување прв го креираше Жан Пол Готје за Бијонсе“, изјави Брена.
ФОТО: Инстаграм