Лекувањето со сончогледово масло може да изгледа невообичаено за многумина, но сепак се покажало дека жабуркањето со маслото влијае на голем број здравствени проблеми. На конгресот на Украинското здружение на онколози и бактериолози, д-р Ф. Каратс зборувал за методот на лекување со ладно цедено сончогледово масло.
Овој метод ги заменил операцијата и земањето лекови за многу критично болни пациенти. Основната процедура на овој метод е жабуркање на одредена количина на масло за јадење во устата.
Со тоа се спречува уништувањето на корисната микрофлора на организмот до што доаѓа при внесување на синтетички лекови, на пр. антибиотици. Без голтање, треба да се стави во устата од една кафена до една супена лажица масло. Жабуркајте го маслото во усната шуплина 15 до 20 минути. Исплуканата течност треба да биде млечно бела. Ако е жолта или жолтеникава, тоа значи дека жабуркањето не траело доволно долго. Устата треба да се исплакне со чиста вода, да се измијат забите. Исплуканата течност содржи голем број на штетни бактерии и токсини.
Повеќе за овa на порталот „Арт кујна“.
Фото: Freepik