More

    Лева: Би сакал еден ден да играм со Меси

    spot_img

    Напаѓачот на Барселона и полски репрезентативец Роберт Левандовски е убеден дека „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер следната година ќе ја добие Аргентинецот Лионел Меси од Пари Сен Жермен.

    „Златната топка“ за минатата сезона му припадна на Французинот Карим Бензема од Реал Мадрид, кој поради повреда го пропушти Светското првенство во Катар. Меси триумфираше со Аргентина на Светското првенство во Катар.

    „Веќе ми е јасно кој ќе ја добие најголемата индивидуална награда. Вистина е дека во конкуренција за наградата има уште еден играч од истиот клуб, Килијан Мбапе, но само еден од нив го има освоено Светското првенство, а тоа е Лионел Меси. Тоа ќе биде одлучувачки фактор, а Меси го постигна она што му е најважно и сега може да ужива во тоа“, изјави Левандовски.

    Тој истакна дека би сакал да игра во ист тим со капитенот на аргентинската репрезентација.

    „Не е на мене да одлучувам, но секако – гледаме дека сега Меси е повеќе плејмејкер отколку напаѓач. Постигнува помалку голови, но повеќе асистира. Тој стана играч со кој секој напаѓач во светот сака да игра“, заврши Левандовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img