Поради војната во Украина, цените на суровините, вклучувајќи ги житариците, брашното и квасецот во моментов достигнуваат нова максимална цена. Низ Германија, пекарниците и производителите на пекари се директно засегнати од поскапувањата.Доколку вака продолжи, Здружението на фармери во Германија најавува дека лебот наскоро би можел да чини десет евра, пишува германски Handelsblatt.
Русија и Украина се меѓу најважните и најголемите производители на пченица. Од руската инвазија на Украина, производителите мораа да трошат значително повеќе пари за производство на пекарски производи. Купувачите наскоро ќе одвојат повеќе пари за да можат да купат леб или неколку колачи.
Томас Боде, пекар од германската покраина Тирингија, за Фокус онлајн изјави дека неодамна морал да ги зголеми цените на своите производи за околу 20 отсто поради зголемените трошоци. Обично, трошоците за производство, вклучувајќи ги и трошоците за работна сила, се тие што го сочинуваат најголемиот дел од цената. Но, според Боде, тоа веќе е променето.
„Трошоците за суровините и енергијата сега се на исто ниво како и трошоците за производство“, изјави тој за Фокус онлајн.
Лебот од претходниот ден се продава на половина цена.
Пекарите во областа Касел бараат разбирање од нивните клиенти поради високите цени на лебот.
Но, дали навистина лебот може да се продаде наскоро за неверојатни десет евра? Оценка за ова даде Даниел Шнајдер, генерален директор на Централната асоцијација на германски пекари.
„Земјоделците произведуваат пченица, пекарите печат леб. Последните се оние кои треба да ги пресметаат цените врз основа на нивната структура на трошоци“, изјави Шнајдер за Handelsblatt.
Како што се зголемуваат трошоците за енергија, персонал и производство, многу компании во моментов мора да ги прегледаат и приспособат своите пресметки.
„Но, ние се уште сме далеку од да платиме десет евра за килограм леб“, вели Шнајдер.
Меѓутоа, во многу региони лебот веќе чини околу четири евра и би можел да поскапи во наредните недели, пренесува Fenix Magazine.