More

    Лазаров очекува да изненадиме некој од фаворитите на Светското првенство

    spot_img

    Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров најави силни подготовки во пресрет на Светското првенство 2023.

    „Црвено-жолтите” ќе играат во група со Норвешка, Холандија и Аргентина.

    – Не очекува Светско првенство на кое ќе настапиме доста подмладени. Можеби ни фали малку искуство за вакви турнири, затоа што квалификациски натпревари се едно, а турнирски натпревари на големи натпреварувања друго. За три дена ќе бидеме комплетни. Имаме многу тешка група. За Норвешка не треба да се делат комплименти, Холандија е во страшен подем, а Аргентина има направено многу проблеми и на големи репрезентации. Кај нашите ракометари постои голема мотивираност и одлучност да се даде максимумот на теренот. Самиот пласман на Мундијалот е успех, но ние ќе направиме се да се пласираме во втората фаза. Аутсајдери сме, но знаеме да изненадиме. Во подготвителниот период ќе играме со силни противници како што се Црна Гора, Хрватска, Израел – рече селектророт Лазаров.

    Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, истакна дека му е драго што после две големи натпреварувања на кои не учествуваше поради повреда, се враќа повторно во националниот тим.

    Тој рече дека му е драго што е повторно со националниот тим, и верува дека поискусните ќе ги понесат младите кон успех на престојното Светско првенство.

    – Драго ми е што сум повторно тука. Пропуштив две натпреварувањa, но тоа е, некогаш во спортот се случуваат повреди. Одиме понатаму, со нетрпение го очекувам ова првенство, една нова генерација, нов спој на ракометари, младост и искуство, ние сме дел од тие поискусните, тука сме да им помогнеме на помладите и да бидеме лидери на оваа репрезентација и ја прифаќаме улогата. Во спортот секогаш има изненандувања, ако не веруваме, не треба ни да патуваме. Противниците се тешки, кваливетни, кои покажаа дека се сериозни противници на минатите големи натпреварувања. Имаме доволно време да се подготвиме, да подготвиме тактика за секој поединечно, само сите да бидеме здрави и сите на број, ќе бидеме силна репрезентација. Малку сме, и ако еден ни недостасува губи цела репрезентација – рече Манасков.

    Ако ја издвоиме Норвешка како фаворит, шансата Македонија треба да ја бара во дуелите со Аргентина или Холандија. Манасков кажа дека и двете селекции се квалитетни.

    – Реално немаме одиграно натпревари против Аргентина и Холандија. Ќе бидат нови противници, но играат добар ракомет и двете селекции. Холандија изгледа моќно на физички план, многу трчаат, но ќе видиме. Ќе се подготвиме за секој посебно, а наше е да го исполниме тоа што ќе ни биде посочено од стручниот штаб – додаде Манасков.

    Светското првенство 2023 ќе се игра во Полска и Шведска од 11 до 29 јануари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img