Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека САД сакаат светот да изгледа како „американски бар“ каде што Американците го имаат главниот збор, пренесува Скај њуз.
– Има многу земји кои „не сакаат да примаат наредби од „чичко Сем“ – рече првиот човек на руската дипломатија.
Лавров додаде дека „санкциите нè прават посилни“ и „изгубивме секаква илузија дека некогаш можеме да се потпреме на Западот“.