Лажни се наводите за руски напад врз породилиштето во украинскиот град Мариупол, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој од Анталија каде преговараше со својот ураински колега Дмитро Кулеба, денеска веќе ги информирал Обединетите нации дека во поранешната болница воопшто немало медицински персонал, туку оти објектот бил претворен во камп на ултрарадикални борци од украинскиот баталјон „Азов“.
Лавров ги нарече „манипулација“всите објавени информации во кои се тврди дека руската армија врши воени злосторства во Украина.
Не планираме да напаѓаме други земји, не ја нападнавме ни Украина
Според рускиот шеф на дипломатија, Русија не планира да нападне други земји, како што не ја нападна ниту Украина.
– Го потврдивме и тоа со барање од руска страна, да се отворат хуманитарни коридори, а самите причини и моменти кога се отвораат тие коридори се темелат врз состојбата на теренот и анализа на ситуацијата. Треба да се изберат најефикасните рути за да се извлечат цивилите од градовите – тврдеше Лавров по денешната средба во Анталија.
Според него, се гледа дека „операцијата се одвива според планот“.
– Морам да ги спомнам процените за напредокот на воената операција, што ги радува портпаролот на нашето Министерство за одбрана и претседателот, тие велат дека операцијата се одвива според планот – појасни тој.
На новинарско прашање дали Русија ќе нападне некоја друга земја, освен Украина, Лавров одговори „не планираме да нападнеме други земји, не ја нападнавме ниту Украина“.
– Објаснивме неколку пати, се создаде ситуација во Украина, што претставува директна безбедносна закана за Руската Федерација. И покрај тоа што со години молевме, нас никогаш не нè сослушаа и тоа претседателот Путин многу пати го кажа. Откривме некои нови факти, во Доњецк и во Луганск, териториите што ги ослободивме, се планирал напад на овие две народни републики и тоа овој месец – тврди Лавров.
Меѓу другото, Лавров изјави дека Украина „продолжи да биде слуга на западните експерименти“.
Против Русија започната невидена економска војна
Се чини дека за руските службени лица Украина е таа која ја загрозува руската безбедност. Според Дмитрј Песков, на пример, првиот човек на Кремљ, „не постои пример за економска војна каква што се води против Русија, а ова е ситуација без преседан“.
Песков пред медиумите нагласи дека попусто е да се прогнозира растот на цените, како и оти потребно е преземање мерки за ублажување на негативните последици. Тој одби коментар на прашањето за можен натамошен раст на инфлацијата во Русија.
– Никогаш немало ваква економска војна како таа што е започната против нашата земја. Затоа е многу тешко да се предвиди што било. Сега не треба да прогнозираме туку да дејствуваме – да дејствуваме за да ги минимизираме негативните последици и натамошните ризици – посочи тој.
Песков рече и дека Русија работи на минимизирање на последиците од покачената инфлацијa.