Премиерот на Косово, Аљбин Курти, изјави дека го интересира кој е судијата што го пушти во домашен притвор српскиот полицаец Дејан Пантиќ, кој беше обвинет за тероризам, пренесува Б92.
– Тој има статус на притвореник, но е обвинет за тероризам. Бидејќи штрајкуваше со глад и имаше проблеми со срцето, можеше да биде однесен во болница. Дали е тоа разумно? Се прашувам кој е обвинителот што направил таков одлука – рече Курти.
Медиумите денеска пренесоа дека Пантиќ ќе биде пуштен од притвор во првите денови од идната година, а неговиот адвокат потврди дека стигнало решението за домашен притвор. Пантиќ ќе може од слобода се брани за обвиненијата дека поттикнувал тероризам во Централната изборна комисија на северот на Косово.
Одлуката за пуштање на Пантиќ ја поздрави и германската политичарка Виола Крамон од Партијата на зелените. Крамон рече дека ова би требало да доведе до отстранување на барикадите на косовските Срби на северот.
Меѓу другото, Албин Курти на денешната седница на Владата на Косово изјави дека времето дадено на КФОР за отстранување на барикадите на северот на Косово полека истекува, јавуваат Репортерс.