More

    Критики дека се доцни со носење на законите

    spot_img

    Како земја која преговара за полноправно членство во Европската Унија и земја која е во процес на скрининг, Северна Македонија доби позитивен годишен Извештај на Европската комисија за 2022, прв по отворањето на преговорите во јули оваа година, информираше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир.

    Маричиќ вели дека по направената анализа на Извештајот, го радува тоа што може да се каже оти земјата има одржливи реформи и препознаен напредок.

    – На самиот почеток, Европската комисија го поздравува почетокот на преговарачкиот процес, што беше потврдено и од страна на комесарот Вархеји за време на вчерашната прес-конференција со изјавата дека „Одржувањето на Меѓувладината конференција на 19 јули 2022 година е нова пресвртница во односите меѓу Северна Македонија и ЕУ, бидејќи пристапните преговори започнаа. Ова е признание за континуираната посветеност на Северна Македонија и постигнувањата во спроведувањето на реформите, особено во Кластерот „Фундаментални вредности, каде се оценува дека напредокот во правосудството расте, и се бара да продолжи трендот на независно и самостојно работење – истакна тој.

    Маричиќ и европскиот амбасадор Гир ги анализираа дел од кластерите, а главен акцент беше ставен на работата на Собранието.

    – Имаме јасна критика за доцнење при носењето на законите, за што причина се блокадите од страна на опозицијата. Се нагласува потребата Собранието да биде форум за конструктивен политички дијалог, особено за ЕУ реформската агенда и заедно со Владата да работат на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните измени – додаде Маричиќ.

    Гир во своето обраќање посочи дека е потребен напор од сите политички партии со цел да се засили улогата на Собранието.

    Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2022 година е „добро ниво на подготвеност, информираше вицепремиерот. Тој посочи дека од аспект на остварениот напредок, задржано е темпото на напредок или има подобрување во 23 од вкупно 43 области и поглавја, додека во останатите 20 области има ограничен или помал напредок. Од аспект на подготвеноста во околу 90 отсто од областите има делумна или добра подготвеност.

    – Ова покажува дека и покрај сите внатрешни, но и надворешни предизвици со кои се соочуваме, сепак имаме стабилен континуитет во вкупната подготвеност на земјата, што треба да биде поттик повеќе за сите нас. Северна Македонија недвосмислено ја потврди стратешката определба кон Унијата, во еден нов геополитички контекст, меѓу другото и со фактот што беше прва земја од регионот која се придружи кон сите осуди, санкции и рестриктивни мерки поврзани со руската агресија на Украина со постигнување на 100 проценти усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ – додаде тој.

    Маричиќ порача дека очекуваат земјата и регионот да бидат вклучени во механизмите на ЕУ за снабдување со енергија и со храна.

    Како особено важен дел ја посочи констатацијата на Комисијата дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност.

    – За нас овој процес мора да биде инклузивен и транспарентен, а со вклучувањето на граѓанскиот сектор и експертите во преговарачкиот процес, заедно со европските фондови кои ни се на располагање, гледаме нова можност за повеќе реформи и побрзи реформи – вели Маричиќ додавајќи дека ова претставува важен поттик не само за Владата, туку и за администрацијата, но и за целото општество.

    Вицепремиерот порача дека на земјата ѝ останува посветено да продолжи со реформите, свесни за фактот дека полноправното членство во Европската Унија е од недвосмислен интерес и потребно е заеднички да се работи на надминување на слабостите и да се обединат околу оваа национална задача.

    Маричиќ најави дека Секретаријатот за европски прашања ќе организира серија панел дискусии под слоганот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!. Првата дискусија ќе се одржи утре пред претставниците на институциите и граѓанскиот сектор за Кластерите 1 и 6 односно „Фундаментални вредности и „Надворешни односи.

    – Сите препораки во Извештајот ќе ги дискутираме заеднички и ќе ни користат како основа за ажурирање на Националната програма за усвојување на првото на ЕУ заедно со правото на ЕУ кое е презентирано на објаснувачките состаноци. Овој документ до крајот на годинава ќе биде ревидиран и ќе биде основа за подготовка на преговарачките позиции на земјата – додаде Маричиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img