More

    Крај на една ера: Серена Вилијамс објави крај на кариерата

    spot_img

    Поранешната тенисерка број еден во светот, Серена Вилијамс, има тешки моменти зад себе кога е во прашање тенискиот терен. Не одигра многу натпревари, а на стартот на Роџерс купот во Торонто ја забележа првата победа по 14 месеци пауза.

    Совладана е Шпанката Нурија Паризас Дијаз во два сета 6:3, 6:4. Последната победа Серена ја забележа на 4 јуни 2021 година на Ролан Гарос.

    Оттогаш одигра само три меча, а годинава само еден, на стартот на Вмблдон, кога загуби од Тан од Франција.

    За време на интервјуто за магазинот „Вог“, Вилијамс објави крај на тениската кариера. Иако експлицитно не кажа кога ќе се пензионира, навести дека последен ден од нејзината кариера би можел да биде УС Опен, кој започнува на крајот на август.

    Ќе биде тешко да се каже збогум, но во исто време сум подготвена за она што доаѓа“, изјави Серена Вилијамс.

    Серена Вилијамс ќе остане запаметена во светот на тенисот како една од најдоминантните жени во спортот на сите времиња. Таа во кариерата освои 23 Грен слем титули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img