Деновиве македонската политичка сцена ја бранува Горан Мисовски – пратеник од НСДП и неговиот обид по секоја цена да ја преземе претседателската функција во НСДП, поточно да постане малиот ТИТО!Во таквата негова забегано харикири, на помош му поитаа одредени македонски портали,каде зад насловот колку бил талат еден од најфдобрите претседатели,всушност водат ефтин пиар на еден неписмен во обид лидер!
Но и покрај тоа што партискиот стаут јасно е прецизен дека секој кандидат за претседателската функција треба да поднесе кандидатура со напишана програма,Мисовски кога не знае да напише програма, знае за партиски подземни интигри.
Пишувањто на Горан Мисовски никогаш не му одело од рака,но затоа овој залутан човек во простор и време,добро научил дека подземјето – мафијата е таа која треба да го устоличи, а тој потоа дебело да им се заблагодари, на начин што ќе постане нивни слуга на политичката сцена.
За Горан Мисоски нема потреба да се пишува на долго и на широко, едноставно некој типови како него залутани во политичкиот круг на „банана држва“,како крлежи закачени за напатениот народ ,не ни треба да се очекува нешто посебно,за нив ликуваат бидалетинките..!!!
Горан Мисовски најдобро го има опишано доаенот на факултетот за туризам и угостителство во Охрид професор Миладин Крстаноски во својата книга-„Животот е песна ако знаеш да пееш“во 33 поглавје на книгата -НАЈБЕЗБЕДЕН СЕКС.
33 Поглавје во книгата професорот Крстаноски го посветува под наслов :-НАЈБЕБЗЕДЕН СЕКС,за пратеникот Горан Мисоски ,кој преку врски отишол да полага испит ,детете требало да заврши факултет ,му требала диплома,з а по дома на ѕидот, да ја гледа жената дипломата на својот маж!
33.НАЈБЕЗБЕДЕН СЕКС
-„Професорлакот е многу убава работа.Додека стигнеш до него тестисите ќе ти стигна до колена,но сепак потоа од универзитестки професор е подобро да се биде само дедо владика ,бидејќи тој исто така убаво живее,а не треба да се жени ,а сепак од таа страна ништо не му недостасува ,а професорот мора да ја трпи жената.Почитуваниот академик проф. Александар Христов дури велеше дека се е добро кога си професор,ама уште предавањата и испитите да не беа, ќе беше уште подобро!
Седам јас така во мојот професорски кабинет и очекувам асистенката да дојде да се договориме за одржување на испитот, кој требаше да започне отприлика за половина час.Таа дојде,го испивме кафето и само што се подготвуваме да појдеме на испит, во кабинетот весела и насмеана влезе колешката Мирјана (Мирјана Секуловска),но сега во својство на пратеник во македонскиот парламент.
Се изгушкавме ,а забележавдека во оваа прилика Мирјана беше посебно расположена:ми подели многу повеќе комплименти од вообичаено.И понудив да седне ,и пораќав кафе и видов дека нешто посебно ќе бара од мене ,а јас бев спремен да и бидам на услуга.
Мирјана е добар другар , моја состека ,но е многу тешка за “одрржување“ од причина што е многу упорна ,не признава порази,спремна е да загине за да ја постигне целта,не признава авторитети, со еден збро внимавај како се однесуваш со неа .Ако пак те сака ,исто така без резерви и некритично го оправдува секој твој чекор .Така некако , можеби и си сличевме ,па затоа се дружевме во и вон професорлакот.
-Миленце,нешто псоебно сакам да те замолам!-ми рече.-Денес кај тебе полага еден мој колега,пратеник и сопартиец.Сакам да му помогнеш,јас му ветив и немој те молам да испадне дека јас немам рејтинг на факултетов, а посебно што му кажав дека јас и ти сме добри пријатели.
Во однос на помош при интервенција за полагање на испит,на Мирјанана и не треба да и се помага,од причина што таа како млад доцент беше недопирлива и секоја интервенција кај неа постигнуваше обратен ефект.Но што да се прави кога таа вака дури понизно ме моли,колеги сме и пријатели ,а плус јас сум еден од доаените на факултетоти секоја моја одлука има посебна тежина,без разлика на кој начин е донесена.
-нека влезе кандидатот!-и реков на Мира (Секуловска), спремен да помогнам.
Го повика по мобилниот иако тој веќе стоел пред врата,ама зошто да не биде по телефон,кога нивните телефонски сметки ги плаќа народот и тие можат да зборуваат со кого сакаат и колку сакаат.
Влезе еден строен маж од околу четириесетина години и уште непонуде седна на една од фотелјите ,си се расположи како да е во парламентот.
Уште веднаш сакаѓе да ја покаже својата позиција,држејќи се надмено и однесувајќи се како јас да полагам кај него,а не тој кај мене!
Започнавме муабет ,а неговото однесување и пкнатаму не се менуваше.Од високо се расприкажува те дека бил пратеник од владечкото мнозинство,дека можел кому сака ,за се што сака и колку сака да му помогне итн.
Тој можел да заврши факултет кога сакал,ама политичката активност не му оставала време и слични будалаштини,кој само повеќе и повеќе ми ја зацврстуваа волјата дека овој залутан човек во простор и време ,заслужува посебен строг ,а не повластен третман.Неговото однесување, за жал и сваќање,зборуваше дека не му треба знаење,тој доволно си знае со самото тоа што е политичар,ама нека му се најде една дипломичка за да му ја укаси биографијата.
Колешката Мирјана веќе го свати изразот на моето лице како реакција на неговата самобендисаност и намести таква фаца замолба кон мене ,што просто не ми даваше шанса да ја променам одлуката за ветената помош.Видов дека секое натамошно мое поинакво однесување освен ветеното,многу ќе ја повреди.
Му поставив едно-две куртозни пршањаа,на кои тој и понатаму се однесуваше во стилот:-Ама што има ти мене да ме прашуваш,кога јас дојдов со силна интервенција ,дај заврпи ја работата,да не те видам повеќе и да се куртула од тебе!
Овој мора да си оди назад со завршена работа, ама треба нешто да направам да ме памети за цел век,ми дојде во главата .Сигурно дека никој не ми ги бара шеските на попис,ама човеков е загубен во својата замислена величина.Треба да се семне на земја .
-Добро -му реков,а Мирјана и мојата асистентка напнати го чекаа исходот.
-Не сте го научиле добро предметот (море какво добро ,тој не ни знаеше како се вика),но еве ,ќе Ви поставам едно прашање од животот и ако одговорите се ќе биде во ред!-строго му се обратив.
Ме погледна како што гледа вол во теле и го очекуваше прашањето.
-Што мислите,со која жена е најбезбеден сексот,во донос на тоа да не те заткне на дело нејзиниот сопруг?-го прашав,како да испитувам социологија на сексот,а не право.
Ме гледа во очи, сака нешто да одговори,кажува некои глупави достеки, ама јас мртов ладен.
-Најбезбеден секс ,а да не те открие нејзиниот сопруг е секс со жена на пратеник!-го одговорив јас неговото прашање.
И уште пред тој да реагира ,му го објаснив одговорот.
-Седиш ти во домот на пратеникот,си вршиш работа ,а на телевизија го гледаш нејзиниот сопруг на микрофон во Парламентот како „ се бори за народот“,распалено емотивно.Ти само си ја вршиш работата,сигурен си ,безбеден,знаш дека тој е во парламентот.Не мое никако да те изненади.Безбедност на највисоко можно ниво.Дури и да можеш да поентираш, бидејќи „пратеничката“ го гледа сопругот жесток,запенавен ,нервозен ,а тебе до неа смирен ,нежен ,разгален.Има што да споредува.Сите поени се во твоја полза.Единствено можеш да погрешиш ако е телевизиска реприза,но колку интересно зборувате во парламентот на телевизијата и е срам да Ве репризираат, го завршив одговорот на сопственото поставено прашање.
Ме гледа во очи ,сака нешто да ми реплицира,се гледа дека го погодив во епицентарот,ама си мисли:-Поарно помолчи одколку да ја изгубиш шетката.
И така заврши „полагањето“на мојот силен студент,народен пратеник.Колку што разбрав ,му се пожалил на некој од неговите колеги со подебело политичко искуство за мојата дрскост,но овој варен и печен му одговорил:-Ако си го научеше испитот.не мораше да се соочиш со вистината!“-ќе напише професор Миладин Крстаноски во својата книга-„Животот е песна ако знаеш да пееш“.