More

    Кошаркарите не дадоа кош цели 6 минути и 30 секунди

    spot_img

    Депиро и Хибернианс се два професионални кошаркарски клубови од Малта кои минатиот викенд си ги измериле силите. Или барем требало да си ги одмерат силите.

    Натпреварот завршил со резултат 69:68 во корист на домашниот тим, а интересно е тоа што цели 6 минути и 30 секунди никој од кошаркарите не се одважил да постигне поен.

    А не дека не умеел и дека не знаел. Туку не сакал. Сите играчи си трчкаат на теренот како муви без глави, топката им се лизга низ раце, го промашуваат целиот кош…

    Уште поинтересно е тоа што наместо да се нервираат, навивачите од двата клуба паѓаат од смеење додека се одвива циркузот на теренот. Јасно им е дека двете екипи се договориле да не го чепкаат резултатот кој им носи подобри позиции во доигрувањето.

    Сепак, на крајот не излегло онака како што посакувале. Кошаркарскиот сојуз на Малта замешал прсти и ги исфрлил од лига двата клуба без размислување. Исто така, им одзел и по три бода за следната сезона, а двајцата тренери се суспендирани за цела една сезона.

    Погледнете го видеото:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img