More

    Косопственикот на ЛА Доџерс го презема Челзи за 4,25 милијарди фунти

    spot_img

    Групата, предводена од Тод Боли, косопственик на бејзбол тимот Лос Анџелес Доџерс, даде понуда вредна 4,25 милијарди фунти (5,2 милијарди долари; 4,97 милијарди евра) за купување на англискиот премиерлигаш Челзи, соопшти лондонскиот клуб.

    -„Се очекува продажбата да биде финализирана кон крајот на мај со сите потребни регулаторни одобренија“, се вели во соопштението на клубот објавено доцна во петокот.

    Шефот на Челзи, Роман Абрамович, го стави клубот на продажба во март неколку дена пред Британија да воведе санкции за руската инвазија на Украина на 24 февруари.

    Тој инсистираше на тоа дека нема да бара отплата на заемите земени од клубот за време на неговото 19-годишно владеење и дека сите приходи од продажбата ќе бидат наменети за жртвите од војната.

    „Намерите на г-дин Абрамович во врска со донирањето на приходите од продажбата на Челзи во добротворни цели не се променети“, изјави портпаролот во четвртокот.

    По долгиот процес на наддавање во кој беа вклучени неколку групи, њујоршката Raine Group, која ја надгледува продажбата, ги избра г-дин Boehly и неговите партнери инвеститори.

    „Клубот Челзи може да потврди дека условите се договорени за нова група на сопственици, предводена од Тод Боли, Клирлејк Капитал, Марк Валтер и Хансјоерг Вис, да го преземат клубот“, се вели во соопштението на ФК Челзи.

    Лиценцата на Челзи истекува на 31 мај и клубот е соочен со можност да престане со работа доколку не се продаде или не се обнови лиценцата.

    Според договорот, новите сопственици ќе платат 2,5 милијарди фунти за акциите на клубот, а парите ќе одат на замрзната банкарска сметка за добротворни донации. Останатите 1,75 милијарди фунти се наменети за инвестиции во англиската Премиер лига. .

    За преземање е потребно одобрение од Англиската фудбалска асоцијација (ФА) и британската влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img