Косовската полиција во неделата вечерта запленила 107 килограми марихуана, сокриена во камион управуван од српскиот државјанин М.П.(32).
Полициски службеници синоќа на царинскиот терминал запреле камион „ивеко“ управуван од М.П, иако не прецизирале каде, поради, како што велат, „сомнение за наркотични материи“, пренесува КоССев.
При претрес на две цистерни за деривати, пронајдени се модифицирани бункери во кои имало 101 пластична амбалажа со супстанца за која полицијата се сомнева дека е марихуана.
Материјата е одземена, мобилен телефон, ГПС уред, диск со дијаграм за тахограф, самиот камион и 95 евра и 2.500 динари.
На возачот му е одреден притвор од 48 часа, а според полицијата надлежната управа продолжува со истрагата.