Пејачката Ана Ѓуриќ Констракта оваа година ќе ја претставува Србија на Евровизија во Торино, Италија, па на големо се подготвува за тоа.
Констракта одлучила да отпатува во Израел и во моментот ужива таму, а решила да посети и продавници и да купи интересни работи.
Констракта сподели дел од атмосферата со своите следбеници на Инстаграм, каде се пошегува дека купува реквизити за нејзиниот настап евровизиската сцена.
„Одам на пат и собирам предмети за настап, сами се пласираат“, напишала пејачката покрај фотографија.
– А каде е мијалникот?“, стои на следнaта објава.
Нема сомнеж дека добро се забавува, што може да се заклучи и од нејзината насмевка.
Инаку, Констракта направи вистински „бум“ со својата евровизиска песна во регионот и стана вистинска ѕвезда.
ФОТО: Инстаграм