More

    Комората бара враќање од партиска кон државна агенда

    spot_img

    Актуелните кризи во областа на енергетиката, здравството и финансиите ќе се сретнат до септември и ќе извршат огромен притисок врз општеството, светските пазари и целата економска ситуација во светот. Поради тоа мислиме дека е клучен момент да се преземе една програмирана активност на државата за да им се помогне и на граѓанството и на бизнис секторот, порача претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески на денешната прес-конференција по повод 100 години коморско работење.

    – Компаниите се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, за што сме информирале многупати досега. Тоа значи дека единствена е нивната оценка дека енергетската криза и пропратните кризи ја исцрпеа нивната кондиција и од овој момент тие навистина се наоѓаат во една алармантна ситуација како ќе се соочат со состојбите коишто ќе бидат предизвикани во текот на зимските месеци – рече Азески.

    За таа цел, Комората денеска објави Декларација за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, која е усвоена од Собранието на Стопанската комора.

    „Од осамостојувањето на земјата наваму, македонската економија оствари разочарувачки бавен раст. Во периодот од 1993 до 2021 година, просечно годишно, реалниот раст на бруто домашен производ изнесува само 1,7 проценти што не овозможи позначително стеснување на јазот во однос на пресекот на ЕУ. И покрај тоа што јавниот долг на Северна Македонија многу се зголеми, од 23 проценти во 2008 година на 54,9 отсто во март 2022 година, со тоа речиси достигнувајќи го плафонот на својата одржливост, задолжувањето не обезбеди побрз економски раст, се вели во Декларацијата во која се предупредува дека е можно да се доведе во прашање функционирањето на државата.

    Во Декларацијата, исто така, се посочува дека бизнис секторот бара враќање од „партиска“ кон „државна“ агенда, со што ќе сопрат фиктивни вработувања во јавниот сектор, ќе се даде предност на стручните кадри пред партиските вработувања и ќе се ревидира потребата од постоење на 1322 државни институции со „армија на партиски вработени“.

    Земјава се соочува со ризик да стане презадолжена, доколку трендот на задолжување продолжи, се наведува во Декларацијата и се додава дека поради нереформираниот образовен систем и отсуството на конзистентен пристап, Македонија останува високо зависна од увоз на енергенси, а со тоа и е подложна на силни ценовни удари без обезбедена алтернатива.

    Доколку оваа Декларација биде прифатена од политичките партии, од Стопанската комора велат дека ќе биде понудена на сите други добронамерни субјекти кои сакаат прогрес на државата и спречување на одлив на млади луѓе од земјава. Досега е потпишана од Македонската академија на науките и уметностите, како и од 50 компании.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img