Руската амбасада во Шпанија објави промотивно туристичко видео кое стана предмет на потсмев, а во кое како да се потсмеваат на санкциите што им ги воведе Западот поради инвазијата на Украина.
Поминаа повеќе од шест месеци од почетокот на војната во Украина и покрај големите загуби што ги претрпеа руските сили и строгите санкции што им беа наметнати, Русите сè уште се обидуваат да покажат храбро лице.
Во петокот, руската амбасада во Шпанија на својот профил на Твитер сподели видео со наслов „Време е да се преселиме во Русија“.
Видеото, кое трае само 53 секунди, содржи главно снимки од Русија, но гласот и сценариото се можеби најинтересните елементи.
Гласот, кој зборува на англиски, но со речиси стереотипен руски акцент, започнува со пораката: „Ова е Русија“.
Потоа продолжува да промовира „вкусна кујна, убави жени, евтин бензин, богата историја, светски позната литература, уникатна архитектура, плодна почва, евтина струја и вода, балет, евтини такси и достава, традиционални вредности, христијанство, гостопримство и вотка.
На крајот се споменува економијата која „може да издржи илјадници санкции“. Видеото завршува со зборовите: „Време е да се преселиме во Русија“. Не одложувајте, зимата доаѓа“.
Не е сигурно дали се обидуваат да ја цитираат серијата „Игра на тронови“ во последниот дел или ова е уште една закана за Западот, со оглед на нивната контрола врз голем дел од снабдувањето со гас во Европа.
Видеото оттогаш стана вирално на социјалните мрежи, а многумина ја исмеваа неговата содржина.