Познатата приказна дека Миа Калифа, најпознатата порно актерка, во текот на целата своја кариера заработила само девет илјади фунти, одеднаш шокираше многумина.После тоа, пошироката јавност остана во недоумица за бројни прашања. Колку заработуваат порно актерките? Дали има разлика во заработката на мажите и жените? Дали навистина парите биле мотив многу актерки да ја изберат оваа професија?
Еден од водечките агенти во порно индустријата Дерек Хеј од агенцијата LA Direc Models откри колкави се просечните плати на порно актерките и актерките.
Цената е диктирана од тоа што некој е подготвен да направи пред камерите, вели агентот. Платата не е фиксирана, но се постигнува договор за цената откако актерот или актерката ќе се изјаснат што се подготвени да направат пред камерите. Дерек открил дека актерките во просек заработуваат по 1.000 долари за секс сцена со маж, додека 700 долари за секс сцена со жена. Овие цени варираат за околу 10 проценти, во зависност од тоа дали актерот или актерката се познати, од нивната возраст, изглед и агент.
„Некои од понапорните сцени се наплаќаат дополнително“, изјави Хеј за The Independent, додавајќи: „Обично е помеѓу 2.000 и 6.000 долари.
Порнографијата е една од ретките работи каде жените заработуваат повеќе од мажите. Бидејќи повеќето гледачи се мажи, што е потврдено со бројни студии, филмовите главно имаат поголем фокус на жените. Во 90 проценти од случаите кадрите се фокусирани на самата жена, нејзиното тело и лице, додека мажот е секундарен фактор. Дополнително, општо мислење е дека жените најмногу ќе загубат доколку се вклучат во овој бизнис. Така, мажите во порно филмовите се помалку платени во споредба со жените, околу 100 до 150 долари по сцена, како што истакнува овој агент вработен во порно индустријата.