More

    Колабирала и ја скршила бутната коска

    spot_img

    Легендарната италијанска актерка Џина Лолобриџида, 95-годишна кандидатка на парламентарните избори на 25 септември, ја скрши бутната коска и беше оперирана во понеделникот во Рим, соопшти нејзиниот адвокат.

    Актерката, поранешен секс-симбол, откриена во 1952 година во филмот „Fanfan la tulipe“ на Кристијан-Жак, колабирала во неделата во нејзиниот дом во Рим и била хоспитализирана.

    Лолобриџида е кандидатка за место во Сенатот на листата на Суверена и народна Италија, која, според анкетите, не го надминува прагот од три отсто. Листата, меѓу другото, се залага за излез на Италија од ЕУ и НАТО, престанување на воената помош за Украина, укинување на санкциите против Русија и се противи на задолжителната вакцинација.

    Родена на 4 јули 1927 година во скромно семејство во селото Субијако, во планинскиот регион Абруцо во централна Италија, Лолобриџида играше со најголемите актери од Франк Синатра до Шон Конери, од Марчело Мастројани до Хемфри Богарт. По успешната кариера во Холивуд, таа се вратила во Италија и само повремено се појавувала на филм и телевизија.

    Ла Лоло потоа се враќа на своите први уметнички љубови, фотографијата и скулптурата, на кои целосно им се посветила во раните осумдесетти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img