More

    Ковид-амбулантите никако да проработат

    spot_img

    Иако бројките на заболени со ковид-19 се многу високи во последните две недели, министерот Беким Сали смета дека е рано да се отворат најавените пет ковид-амбуланти што ги предложи Комисијата за заразни болести. Дали таквиот став се должи на тоа што не можат да обезбедат кадар кој би можел да работи во овие ординации?

    Ако сега, на вакви бројки, не е време да се отворат ковид-амбулантите, кога планираат да ги отворат? Дали одложувањето на нивното отворање, всушност, се должи на тоа што нема кој да прегледува во нив, а не како што рече министерот – дека сме на почеток на новиот бран и дека доколку згусне тие веднаш ќе профункционираат.

    Петте ковид-амбуланти сѐ уште немаат почнато со работа, предлог кој претходно беше препорачан од Комисијата за заразни болести, но кој наиде на несогласувања меѓу здруженијата на матични лекари, а кои треба да дежураат во тие објекти, како и Министерството за здравство од друга страна.

    При објавување на предлогот на Комисијата, реагираше претседателката на Здружението на приватни матични лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова, која рече дека сериозно е прашањето на ангажман на матичните лекари во ковид-центрите, затоа што ќе им создаде проблеми во работата во нивните приватни здравствени организации, поточно амбуланти, и ќе се одрази на квалитетот на здравствените услуги.

    – Тоа што го кажа Комисијата за заразни болести ние го поддржуваме, но нашата загриженост и загрижѓеноста на нашите пациенти е што кога матичен лекар од Скопје би отишол да работи во ковид-центар. Ќе нема кој да ги опслужи пациентите, а тоа е голема бројка. Се соочуваме со реализација на концептот електронско здравство, во коешто пациентот вели:  „Јас сум во аптека, пуштете ми рецепт“, „Јас чекам резултати да ги испечатите“. Огромна е административната обврска на матичните лекари и тие имаат потреба постојано да се во амбуланта. Ние тоа го кажуваме со години, дека цел ден имаме побарувања од нашите пациенти и се трудиме максимално да ги опслужиме. Затоа се реакциите на матичните доктори, во време кога немаме големи бројки на инфицирани пациенти со ковид-19 и тешки клинички слики – објаснува д-р Чолакова Дервишова.

    Пред неколку дена реагираше Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори, од кадешо велат дека матичните лекари се доктори вработени во приватни здравствени установи, а не во јавно здравство, поради што и нема правни можности да им се наметнуваат обврски, туку соработката треба да биде на договорна основа, регулирана со соодветен правен акт.

    – Ја повикуваме Комисијата да објави оглас на кој приватните здравствени установи од општа медицина, кои имаат волја да дежураат во ковид-амбулантите, ќе можат да се пријават, а соработката ќе биде регулирана со соодветен договор, кој ќе биде склучен со здравствената установа и во кој ќе бидат наведени договорните обврски и услови за двете страни. Во таа насока, во огласот, односно договорот, јасно треба да се дефинира платата, надоместокот кој ќе се добива за ангажманот во ковид-амбулантата, по примерот на плаќањето на дежурствата во јавните здравствени установи, кои се регулирани со Колективен договор и со Законот за работни односи. Законите треба да се почитуваат и да важат еднакво за сите, поради што и не треба да се доведуваме во ситуација цената на трудот  на лекарите од јавниот сектор да биде платена, додека од оние во приватниот сектор да се очекува да работат бесплатно – велат од Комората.

    МИНИСТЕРОТ САЛИ: КОЛКУ ЗА ЕДНО КАФЕ ЛИ НЕ ВИ СЕ РАБОТИ?!

    Како што информираше министерот Сали, во Скопје има сто тима матични лекари, а во ковид-амбулантите би требало да дежураат еднаш, по шест часа дневно.

    Тој појасни дека на овие тимови им доаѓа еднаш на 50 дена да работат шест часа во најавените ковид-амбуланти.

    – Да бидеме реални, ние во 50 дена трошиме толку часа на кафе – рече министерот Сали.

    Министерот не гледа никаква причина да не се реализира планот за најавените пет ковид-амбуланти на територијата на Скопје, за што вели дека се во комуникација со сите лекари.

    – Во моментот кога веќе ќе дојдеме до фаза да имаме потреба од активирање на тие ковид-амбуланти, како систем сме подготвени за тие пет на ниво на Скопје, се знаат локациите. Тука ќе имаме брзо тестирање веднаш, без закажување термин, лабораторија и евентуално брз упат веднаш за рендген снимање на бели дробови, доколку бара клиничката слика – рече Сали, наведувајќи дека две од три здруженија на матичните лекари потврдиле дека ја поддржуваат иницијативата.

    При претставување на предлогот на Комисијата за заразни болести, портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ рече дека во Градот Скопје, кој во моментот е најзасегнат со новозаразени пациенти, новите пет ковид-амбуланти во просториите на Здравствен дом – Скопје и ќе бидат во петте поголеми поликлиники во Скопје – во „Идадија“, „Ѓорче Петров“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и во Чаир.

    – Со постоењето на ковид-амбуланти вака дисперзирани, ќе биде покриена целата територија на градот и граѓаните ќе можат најблиску до своето место на живеење да добијат и дијагностика и третман за ковид-19, што сметаме дека ќе го олесни товарот и на матичните лекари, меѓутоа ќе ги направи и услугите во насока на потребата за ковид-дијагностика и третман за граѓаните на градот Скопје подостапни – објасни Мехмедовиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img