More

    Ковачевски сака граѓаните да знаат колку пари додава државата на нивните сметки за струја

    spot_img

    Владата во текот на целиот изминат период ја субвенционира цената на електричната енергија и со тоа не дозволивме да има ценовен шок за граѓаните. Така беше до сега, така ќе биде и од 1 јануари, но убаво е да се знае дека постои субвенција на цената на електрична енергија заради штедењето, бидејќи секој заштеден киловат од граѓаните, од стопанството и од институциите значи и помалку потрошени финансиски средства од страна на Буџетот, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

    Премиерот рече и дека парно и природен гас ќе има и по 1 јануари, а либерализацијата на пазарот со гас мора да се оствари.

    Ковачевски рече дека не е пропаганда фактот што на сметката за потрошена електрична енергија стои дека државата субвенционира 73 отсто од неа, бидејќи таму стои колкава е субвенцијата од страна на Владата, а не субвенција од политички партии.

    -Сметката ниту е пропаганда, ниту, пак, е флаер, туку е сметка за електрична енергија. Електричната енергија државата ја субвенционира за целиот регулиран пазар. Доколку се погледне цената на електричната енергија на берзите во моментов е сигурно 300 евра, а минатата недела беше 500 евра. Намалена е затоа што во Западна Европа се божиќните католички празници, но кога ќе завршат и кога индустријата ќе почне да работи со полн капацитет цената сигурно повторно ќе биде зголемена – рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

    Како што појасни ЕСМ произведува електрична енергија која ја испорачува на ЕВН за да ја дистрибуира до купувачите, односно до регулираниот пазар составен од 600.000 домаќинства и 70.000 мали потрошувачи – мали и средни претпријатија кои вработуваат 98 отсто од вработените во државата.

    -ЕСМ испорачува енергија која е практично субвенционирана од страна на Владата. Таа субвенција се носи во Буџетот и ѝ се префрла на ЕСМ за да набави енергенси и да произведе електрична енергија која потоа преку ЕВН се продава. Таа субвенција изнесува 73 отсто од цената на електрична енергија која граѓаните би ја платиле доколку не е субвенцијата од страна на државата до ЕСМ и преку ЕСМ до крајните потрошувачи кои добиваат електрична енергија – посочи Ковачевски.

    Според премиерот парно за граѓаните и гас за компаниите ќе има и по 1 јануари, иако „Макпетрол” најави дека повеќе нема да испорачува природен гас до неговите корисници.

    -Системот мора да функционира, а во енергетиката функционира затоа што согласно Законот секој кој користи гас има обврска да има и алтернативно гориво, токму поради вакви ситуации – рече Ковачевски.

    Тој нагласи дека сите мора одговорно да се однесуваат во време на криза.

    – Либерализацијата на пазарот е неопходна и за тоа веќе долго време се разговара и тоа е неминовно дека ќе се случи еден ден. Парно за граѓаните ќе има и гас за компаниите ќе има. За таа цел утрово ЕСМ објави повик за прибирање на понуди од домашни и странски компании, кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребни количества на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата – пред се поголемите производствени и услужни капацитети со дел од кои сум во директна комуникација со главните извршни директори – потенцира Ковачевски.

    Како што посочи премиерот, повикот на ЕСМ е од отворен карактер и во однос на количествата и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите. Се однесува за период од 1 јануари до 30 април 2023 година.

    – Според она што го имаме како информација во Владата од надлежните министерства, пред се од Министерството за економија, веќе имало заинтересирани снабдувачи на гас. Тие денеска водат разговори со Министерството за економија, а за кратко треба да започне и состанок во Регулаторната комисија за енергетика со клучните институции од енергетскиот сектор во државата – додаде Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img