More

    Ковачевски: Приоритетите се транзиција кон зелена енергија и стабилно и трајно снабдување со енергенси

    spot_img

    Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на Форумот 100 дена Влада, во сесијата прашања и одговори се осврна на еден од приоритетите во изминатиот период односно на инвестициите во нови капацитети за производство на електрична енергија од чиста зелена енергија.

    „Ова е прашање кое ја преокупира не само нашата Влада туку е клучна тема и на ниво на ЕУ и на земјите кои претендираат да станат членки на ЕУ. Оваа криза која започна како енергетска криза минатата година која што продолжи како уште повеќе засилена енергетска криза заради воената инвазија на Русија врз Украина, покрај тоа што ги зголеми цените на електричната енергија и ги исправи државите да мора да спроведат мерки кои нема дозволат ценовен шок за граѓаните, предизвика уште една многу важна тема, а тоа е енергетска транзиција и диверзификација на изворите на снабдување со енергенси“, истакна Ковачевски.

    Ковачевски нагласи дека на овој план државата ја спроведува Стратегијата за транзиција на енергетскиот сектор, којашто во основа значи транзиција кон обновливи извори на енергија.

    „За таа цел веќе ја пуштивме во пробна работа фотонапонската централа од 10 мегавати на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј. Таму веќе имаме потпишано договори на основа на јавно приватно партнерство со партнер од Турција, ФОРТИС компанијата за дополнителни 50 мегавати, проектирањето е практично во финална фаза и уште 50 мегавати со уште една компанија „Солопро“ на иста основа за дополнителни 50 мегавати. Дополнително ЕСМ, државната компанија, ќе гради уште 10 мегавати на истиот простор со што ќе имаме 120 мегавати производство на чиста енергија на стари наоѓалишта на јаглен наместо 120 мегавати кои што во моментов ги имаме од РЕК Осломеј, загадувачка црна енергија од јаглен“, посочи премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена од работењето на Владата.

    Ковачевски го издвои и Чебрен како монументален историски проект којшто го воделе веројатно сите Влади, кој за прв пат се наоѓа во втора фаза.

    Премиерот Ковачевски на Форумот 100 дена Влада ги издвои и проектот за 200 мегавати во РЕК Битола кој исто така ќе биде финансиран со нашите мултилатерални стратешки инвеститори, како проектите за фотонапонски и ветерни електро централи.

    „Дополнително веќе ја отпочнавме изградбата на далноводот Битола – Елбасан што значи поврзување со единствената држава со која немавме поврзување со 400 киловолтен далновод тоа е Албанија и со тоа сме држава која непречено може да ја транспортира енергија преку својата територија и од Грција, Бугарија, Србија, Косово и Албанија и да се градат дополнителни капацитети кои ќе можат да бидат продавани“, рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img