More

    Ковачевски: Минатата година инсталирани се обновливи извори на енергија од над 150 мегавати, што значи снабдување на 67.000 домаќинства

    spot_img
    „Владата сериозно пристапи кон предизвиците што ги наметна светската енергетска криза, ги заштити граѓаните со пакет антикризни мерки, со што овозможи сметките за електирчна енергија да бидат пониски за пет пати.
    Енергетската криза исто така беше можност, Владата да се посвети и да реализира проекти за зајакнување на државното електростопанство. Со менаџирање, Владата не дозволи да има недостатокот од електрична енергија, а со тоа спречи ценовен шок и за граѓаните, и за компаниите“, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешниот панел за енергетика во склоп на годишната конференција „Година на нови можности“.

    „Владата минатата година одвои 760 милиони евра што според податоците од Светска Банка е најголем пакет на антикризни мерки споредено со сите земји од регионот. Со тоа успеавме да ја субвенционираме цената на електрична енергија до 80%.

    Да не беше таа субвенција цената на електрична енергија за 600 илјади домаќинства ќе беше 5 пати повисока. Малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, ќе плаќаа 3 пати повисоки сметки за струја. Од тој аспект сметам дека кризата беше добро менаџирана, бидејќи сите увидовме дека ценовен шок нема и нема да има“ – истакна Ковачевски на панелот.

    Премиерот рече дека инвестициите на Владата во зелената трансформација на земјата се движат во три насоки, со што ќе се обезбеди национална енергетска независност. Првата е поврзување и диверзификација на енергенси за државата.

    Северна Македонија во моментов има само еден извор на гас, тоа е преку Република Бугарија, во тек е инвестиција на нов гасовод од Република Грција, како и уште еден гасовод од Република Бугарија.

    „Базната енергија во Северна Македонија веќе 40 години се произведува доминантно од јаглен во РЕК Битола, Осломеј. Со овие инвестиции во нови гасоводи, може да размислуваме за поставување на гасни централни како транзициско гориво.

    Битола е веќе поврзана на гасоводот од Жидилово до Битола,а во текот на месец декември беше завршена последната спојка. Тоа овозможува сега на еден од блоковите во РЕК Битола да се инсталира гасна централа која што ќе биде искористена и за снабдување со топлинска енергија за градот Битола. Истото се однесува и за Скопје, каде веќе има заинтересиран приватен инвеститор“ истакна премиерот.

    Како втор сегмент на инвестиции премиерот ги посочи обновливите извори на енергија. Освен фотоволтаици, кои периодот се доминантна инвестиција и на компаниите, исто така се инвестира и во мали хидроцентарли, ветерни централи, како и централи на биогас.

    „Минатата година се инсталирани обновливи извори на енергија над 150 мегавати, што снабдува некаде околу 67.000 домаќинства со електрична енергија. Понатаму, Чебрен  е еден од клучните, историски проекти.

    Оваа година за прв пат после 14 неуспешни тендери, имаме понудувач којшто го помина првиот филтер. Се работи за грчката енергетска државна компанија ППС. Во моментов се вршат преговори, доколку тој понудувач ги исполни условите од тендерот и доколку се склучи договор со надлежните институции во државата, тогаш ќе може да отпочне изградбата на овој капитален проект. Тој капацитет од една страна ќе произведува базна енергија од хидропотенцијалнот, а од друга страна ќе може да го користи вишокот од фотоволтаиците, електричната енергија за реверзибилно работење на самата централа“ рече Ковачевски на панелот.

    „Од клучна важност освен за еконосмка независност, исто така и за економски напредок на земјата е третиот дел на инвестиции“, потенцираше премиерот.

    Тие се однесуваат на  унапредување на дистрибутивната и преносната електроенергетска мрежа преку граничното поврзување со сите земји од регионот.

    „Ние имаме добро поврзување со Србија, Грција и Бугарија. Со Албанија веќе работиме на инвестиција, а исто така во таа насока ќе треба да продолжиме со Косово и Црна Гора. Секако домаќинствата може и треба сами да произведуваат електрична енергија и затоа во текот на минатата година, ги поедноставивме сите процедури од аспект на правилиници, законска регулатива. Ако претходно беа потребни до 30 дена за вадење на дозвола за градба на мала фотоволтаична централа на домаќинствата, сега е потребен само 1 ден. Но и тука треба унапредување на дистрибутивната мрежа на државниот дистрибутивен пренос, практично на ЕВН“, рече премиерот Ковачевски.

    Претседателот на Владата посочи дека сите овие активности се отпочнати, се работи забрзано, веќе се инсталирани поголеми капацитети на електрична енергија, а издавањето на новите дозволи се гаранција за нови инвестиции во нови капацитети кои во текот на годинава ќе бидат ставени во функција.

    „Продолжуваат со изградба и државните проекти. Комплетна замена на ТЕЦ Осломеј со фотоволтаична централа, каде веќе се изградени 10 мегавати. Во тек е проектирањето и изградбата на останатите 110 мегавати со што ќе бидеме први во регионот кои ќе го применат европскиот „зелен договор“, односно замена на необновливи извори на енергија со обновливи извори на енергија“ истакна премиерот Ковачевски на панелот за енергетика.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img