Владата многу посветено и низ емпириски анализи на она што се случува во државата и надвор ќе носи правилни мерки кои позитивно ќе бидат оценети од релевантните меѓународни институции, изјaви денеска премиерот Димитар Ковачевски коментирајќи ги предлозите на експертите во врска со нови антикризни мерки, закои како што рече се правата анализи како да изгледаат.
Според енго дел од предлозите на експертите се издрќани, а дел за македоснки услови се неприменливи и неодрќиви.
– Гледате дека од различни економисти има различни предлози, а некои од нив за мене се прифатливи. Меѓутоа, некои од предлозите се не само неприфатливи, туку и неодржливи, како на пример, замрзнување на цените како што предлагаат некои економисти кои се од наше, македонско потекло меѓутоа кои во моментов работат во странство. Тој пристап може да се примени во одредени држави само таму каде што целиот синџир на набавки се наоѓа во државата. Но, кога се работи за држава како нашата која е мала, отворена економија и каде најголемиот дел од суровините од кои се произведуваат финални производи, се увезени и чија цена зависи од цената на светските берзи, тогаш доколку се воведе таква мерка може да доведе до сериозни ликвидносни проблеми на компаниите – број еден и број два – до недостатоци на пазарот – рече Ковачевски.