Денешниот ден го завршувам со вкусната храна во една од најпознатите сендвичари во Прилеп. Со сопственикот Никола разговаравме за почетоците на неговиот бизнис, но и за идните планови кои тој ги има, напиша Ковачевски на својот фесјбук профил.
– Драго ми е кога гледам вредни луѓе кои со љубов и труд вложуваат во семејните бизниси, во градот во кој живеат и придонесуваат во развојот на економијата – стои во објавата на премиерот.
Ковачевски неодамна ја започна својата турнеја низ земјава и се пофали дека јадел вкусни ќебапчиња во Гостивар, а потоа при посетата на Битола рече дека знае каде го има најдобриот тост во овој град.